Моќта на младинскиот активизам: Малала Јусафзаи
Услови за завршување
Малала Јусафзаи имаше само 17 години кога ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината борба против сузбивањето на децата и младите како и за правото на сите деца на образование.
Малала е родена во регионот познат како долината Сват во Пакистан, кој е блиску до границата со Авганистан. Нејзиното семејство водеше неколку училишта во регионот, а како девојче таа беше добар ученик и сонуваше да стане доктор. Нејзиниот регион понекогаш преминуваше под контрола на талибанците, кои воведоа строги закони на местата што ги контролираат и им забранија на девојчињата да се школуваат под закана со казна или смрт.Кратко воведно видео за Малала Јусафзаи е достапно овде.
Документарец за Малала наречен Class dismissed е достапен тука.
Во своето Нобелово предавање, Малала Јусафзаи понизно истакна дека дејствува во име на илјадници, дури и милиони млади девојки во светот кои се лишени од образование, а исто така покани и неколку нејзини млади пријатели од различни делови на светот кои се борат за истото да бидат присутни таму за време на церемонијата.
Таа моментално ја продолжува својата борба и отвори училиште за сириските бегалци во Либан, а ова училиште нуди образование и обука за девојчиња на возраст од 14 до 18 години. Како последен дел од приказната за Малала Јусафзаи и способноста на еден млад човек да влијае на светот, овде го пренесуваме нејзиниот говор за Нобеловата награда за мир во целост..